Втората фаза од пробивањето на „Партизанска“ ќе заврши во јули
Градоначалниците на Скопје и Ѓорче Петров Коце Трајановски и Сокол Митровски денеска извршија увид во градежните работи на втората фаза од проектот за пробивање на булеварот „Партизански одреди“ од новиот кружен тек кај Порта Влае до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле".
Со овој проект е предвидено на 500 метри да се изврши реконструкција и проширување на постојниот коловоз, со што ќе се добие современ булевар со шест сообраќајни ленти, по три во секоја насока, со вкупна ширина на коловозот од 21 метар.
- Градежните работи за пробивање на булеварот „Партизански одреди“ од новиот кружен тек кај Порта Влае до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле“ се одвиваат според предвидената динамика. Деновиве на терен се во тек градежните работи за проширување на коловозот на булеварот, а се поставува и атмосферската канализација. Гледано во насока од центарот на градот кон Ѓорче Петров, од левата страна на булеварот „Партизански одреди“ веќе се уредени тротоарите, кои се покриени со бекатон-плочки, рече Трајановски.
Велосипедската патека е оформена и во текот на наредниве дена ќе се асфалтира, а се работи на оформување и на жардиниерите. Градежните работи на оваа делница од булеварот „Партизански одреди“ се очекува да завршат во јули.
- Со пробивањето на булеварот „Партизански одреди“ и поврзувањето на двата кружни тека, ќе се добие ново модерно булеварско решение, кое ќе придонесе за побрзо и побезбедно одвивање на сообраќајот во овој дел од Скопје, рече градоначалникот Трајановски.
Тој се осврна и на останатите проекти кои годинава ќе се реализираат на територијата на општина Ѓорче Петров. Ги наведе почетокот на фазната реконструкција на улицата „Ѓорче Петров“, како и реконструкцијата на улицата „Волково“ од населба Волково кон заобиколницата.
Градоначалникот Митровски истакна дека реализацијата на овој проект е резултат на одличната соработка на општина Ѓорче Петров и Град Скопје, за што сведочат и голем број на други капитални проекти реализирани изминативе години.
Градежните работи на овој проект ги изведува „Пелагонија“ од Гостивар, додека вкупната инвестиција изнесува околу 40 милиони денари.
Ново на Сител
-
Во матичните амбуланти во Велес зголемен бројот на болни од стомачен вирус
-
Возел пијан и удрил во малолетничка па го напуштил местото, приведен возач во Македонска Каменица
-
Орбан: Украинците ја загубија војната, Русија победи, единственото прашање е кога Западот ќе го признае тоа
-
Приведен 55-годишен скопјанец, со камења фрлал по хеликоптер додека полнел вода за гасење пожар
-
ЦУК: Активни три пожари на отворено од 33 изминатото деноноќие
-
Собраниската Комисија за изборите и именувањата ќе формира Комисија за селекција на кандидати за претседател на ДКСК
-
Трамп денеска ќе разговара со Зеленски
-
Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор