Македонија
26. March 2021 - 19:09

Втората доза од „Спутник“ пристигнува во недела

Покрај 24.000 дози од првата пратка преку Ковакс механизмот во недела ќе пристигне и втората пратка од Русија, потврдија за Сител од МЗ. Станува збор за уште една пратка од 3.000 дози кои се всушност втора доза за медицинскиот персонал кој беше вакциниран со вакцината „Спутник“. Досега со донацијата од Србија и Русија во земјава се вакцинирани околу 7.000 здравствени работници.