Втора недела од изборната кампања
Партиите, коалициите и независните кандидати денеска со митинзи и средби со граѓани ја почнуваат втората недела од изборната кампања.
Денешните активности коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе ги почне со средби со граѓани во Лозово, Градско и Чашка, а вечер ќе одржи митинзи во Свети Николе и Велес.
Карванот на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи средби со граѓани во Пласница и Демир Хисар, а вечерните митинзи се закажани во Македонски Брод и Кичево.
Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе одржи митинзи во Боговиње и Врапчиште.
Движењето Беса денеска попладне ќе имаат средба со граѓани во општина Долнени.
Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши на 13 октомври во 24 часот.
Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.
Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип