Вторa година по ред Божиќ по грегоријанскиот календар се прославува со рестриктивни мерки
– Милијарди луѓе ширум светот се подготвуваат денеска повторно да го прослават Божиќ во услови на пандемија со Ковид-19 и ширењето на сојот омикрон, поради што се воведени нови ограничувања ширум светот.
Израел и годинава ги затвори границите поради што нема да имаа аџии за Божиќ во Витлеем. Меѓутоа, во Стариот град во Витлеем беше организирана празнична поворка, која започна во девет часот по локално време, недалеку од храмот Христово раѓање. На маршот присуствуваа Палестинци и странци кои живеат во Израел.
Како и минатата година, во храмот Христово раѓање ќе се служи празнична полноќна богослужба со учество на мал број верници, како што налагаат правилата за борба против коронавирусот.
Во Ватикан традиционалната Божиќна миса ќе ја отслужи папата Франциск во 19.30 часот по локално време во базиликата Свети Петар, а утре папата по повод Божиќ ќе го даде традиционалниот благослов „Урби ет Орби“ (Urbi et Orbi).
Божиќните прослави во Холандија, САД и Шпанија ќе бидат обележани со ограничувања поради Ковид-19 и откажување на некои настани поради ширење на сојот омикрон.
Сепак, милиони Американци се подготвуваат да патуваат за време на празниците.
Ново на Сител
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница