Втор ден собраниска седница: Топ Шоп Влада и Дормео опозиција
И вториот ден од собраниската седница која треба да резултира со избор на нова влада до денеска на полноќ минува со меѓусебни обвинувања помеѓу пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Својот говор пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев го почна со обвинување дека оваа Влада на СДСМ е Топ Шоп бидејќи нуди само производи, а ништо од ветеното не е исполнето.
Три години го слушаме како ветува и секоја година е така, вложување во култура и во истиот момент кога за културните работници нема плата.
- Како треба јавноста Филипче да ве нарекува со 600 мртви? Еуростандард пропаѓа, а нашиот топ шоп мандатар ветува економија, рече Јанушев.
На ова реплицираше мандатарот Заев кој рече дека за жал Македонија има Дормео опозиција.
- Ако ние бевме топ шоп Влада, вие како опозиција сте дормео, се преспавте. Доаѓа време во кое со пријатели отвараме сериозни економски перспективи. немојте да се заканувате,зошто видовте до каде дојдовте со закани, рече Заев.
Собраниската седница за избор на новата Влада се очекува да трае до вечерва на полноќ.
Деспина Тодоровска
Ново на Сител
-
Комеморација во чест на професорката Сара Пројкоска од ФМУ
-
Попов: Невладеење на правото и корупцијата резултираа со масовни несреќи од кои последната е во Кочани
-
Која е фирмата 2 СС Кичево чијшто управител заврши во притвор?
-
Видевски не се сеќава кај го сокрил пиштолот, негира вмешаност во убиствата на Вања и Панче
-
Преглед на вестите од светот
-
Пет повредени денеска се враќаат од странство, четворица пациенти и натаму се критични
-
Беќаровски: Како да се намалат последиците при труење со јаглерод моноксид
-
Општина Охрид одвојува 1 милион денари помош за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани