Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“ во Белград, Вучиќ ќе зборува на централниот собир пред Народното собрание
Во Белград денеска ќе се одржи вториот ден од собирот „Не ја даваме Србија“ по повод основањето на национално движење првично наречено Движење за народот и државата, на кој ќе зборува претседателот на државата, Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.
Програмските активности почнуваат во 13 часот додека централниот собир ќе биде пред Парламентот во 19:00 часот.
За време на тридневната манифестација, како што е најавено ќе се одржи културно-забавна програма заедно со промоција на политички идеи и барања.
Првиот ден од тридневниот митинг „Не ја даваме Србија“ почна вчера со дефиле на знамиња, кога беше претставено српско знаме долго 200 метри, кое заедно со граѓаните го донесе претседателот Александар Вучиќ.
Вучиќ на 8 април ги повика граѓаните на овој собир, што ќе трае до утре во име на новооснованото „Движење за народот и државата“.
Собирот се одржува во ек на неколкумесечни масовни протести организирани од студентите кои ги блокираат државните универзитети со барање да се утврди одговорноста на властите за смртта на 16 лица кога се урна бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад.
Вучиќ најави дека на собирот ќе се утврдат барањата „што се усогласени со Уставот“.
Барања што се сериозни и ја претставуваат волјата на одговорните луѓе во нашата земја, волјата на мнозинството во Србија, порача Вучиќ во објавата на Инстаграм.
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ изјави претходно, дека Александар Вучиќ на тој собир ќе изнесе пет барања до институциите.
Како што е најавено, граѓаните ќе можат да му оставаат писма, разгледници и предлози на претседателот на државата за тоа како треба да изгледа идното движење за народот и државата. Исто така, ќе може и на т.н. гласачки ливчиња да се изјаснат и за името на движењето, кое до 28 јуни (Видовден) треба да го добие официјалното име.
Народот ќе одлучи за името, ќе има можност да го направи тоа и в недела, бидејќи ќе имаат таканаречени гласачки ливчиња за да го напишат својот предлог. Има седум или осум предлози за името на движењето. Потоа повторно на долга дебата и гласање.Се треба да заврши на 28 јуни на Видовден, рече претходно Вучиќ.
Ново на Сител
-
Приведени двајца скопјани, осомничени за крадење автомобил
-
Заменик-министерот за земјоделство Фљакрон Беџети поднесе неотповиклива оставка
-
Анализа на дописникот на „Скај њуз“ од Москва: Украина и сојузниците ќе бидат разочарани и загрижени за исходот од разговорот меѓу Трамп и Путин
-
Бајден на Х: Ракот сите нè погодува
-
Трамп: Русија и Украина веднаш почнуваат преговори за завршување на војната
-
Путин по разговорот со Трамп: Подготвени сме за работа на меморандум со Украина, вклучувајќи и примирје
-
Папа Лав Четиринаесетти: Момент е за дијалог и градење мостови
-
Венс: Доколку Русија не сака да се вклучи во преговорите, САД ќе мора да кажат дека „ова не е нивна војна“