Втор ден од посетата на Обама на Атина
Американскиот претседател Барак Обама, кој од вчера престојува во посета на Атина, денеска ќе го посети Акрополис, а потоа ќе одржи говор во културниот центар „Ставрос Ниархос“.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, по говорот, за кој се верува дека,всушност ќе биде обраќање кон меѓународната публика со цел да ги истакне достигнувања на неговата Администрација и неговото наследство пред да замине од функцијата во јануари, Обама ќе отпатува за Берлин.
Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос синоќа организира официјална вечера во чест на Обама на која присуствуваа 130 грчки и американски функционери, меѓу кои и грчкиот премиер Алексис Ципрас, архиепископот на Атина и цела Грција Јеронимос Втори, лидерот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис, претставници на грчкото Министерство за надворешни работи и на американскиот Стејт Департмент и други официјални лица.
Во говорот на вечерата Павлопулос, меѓу другото, рече дека „Грција ја почитува претставничка демократија и сите нејзини институции кои го штитат суверенитетот на народот, демократската власт на Собранието и независноста на судството од какво било произволно мешање од страна на извршната власт и сите видови глобализирани економски институции кои се лишени од било каков демократски легитимитет“.
Тој истакна дека Грција го продолжува својот пат во рамките на Европската унија и нејзиното јадро - еврозоната, и покрај големите тешкотии кои ги претрпе поради мерките за штедење.
- И ние се стремиме, заедно со сите наши партнери кои делат вистинска и несебична европска ориентација, европскиот проект повторно да ги открие принципите и вредностите на кои се темели, рече Павлопулос.
Обама, од своја страна, му се заблагодари на Павлопулос и на грчкиот народ за топлиот прием и гостопримството, истакнувајќи дека Атина секогаш ќе ја има поддршката и пријателството на САД.
Тој рече дека САД се благодарни за нивниот сојуз со Грците, додавајќи дека двата народи се инспирирација едни на други во нивните војни за независност и застанаа на страната на солидарноста „во времиња на војна и мир, и во добри и лоши времиња, вклучувајќи ги и последните неколку години, кои беа исклучително тешки за грчкиот народ“.
Ново на Сител
-
Владата го скрои Предлог-буџетот за 2025: Раст од 3,7%, рекордни 6,5 милијарди евра за расходи
-
Тема на денот со Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба
-
Предлог Буџетот на владина седница – не се предвидени пари за зголемување на функционерските плати
-
Мицкоски го добил писмото од Ахмети
-
Силјановска се консултира за нова Комисија за помилување, реформите ќе почекаат
-
Министерството за правда работи на Законот за помилување
-
Опозициските партии реагираат - чија е заслугата за изградба на Коридорите 8 и 10?
-
60 компании под истрага, злоупотребиле пари за фантомски проекти, вели директорот на ФИТР