Втор ден блокиран железничкиот сообраќај
Железничкиот товарен и патнички сообраќај втор ден е во целосен прекин поради протестот на вработени во МЖ ад Транаспорт кои бараат исплата на вториот дел од платата за октомври.
Душко Чакаровски, машиновозач во МЖ Транспорт ад Скопје, изјави дека нема да почнат со исполнување на работните обврски се додека не им се исполни поставеното барање. За утринава, како што информира, добиле најава за средба со претставници на Владата.
Од раководството на МЖ Транспорт ад Скопје информираа дека се работи на надминување на проблемот со исплатата на платите и нормализирање на сообраќајот.
Завчера, кога почна протестот првин со блокада на товарниот, а потоа и на патничкиот, на вработените им беа исплатени материјалните трошоци за октомври. Освен доисплата на платата за октомври бараат ноемвриската да им биде исплатена најдоцна до 25 декември, а во спротивно навајуваат повторна блокада.
Ново на Сител
-
Ахмети не сака да биде дел од власта, не бил резервна гума
-
Еден авион дневно ќе слетува на скопскиот аеродром: Германски туроператор ќе носи 35.000 туристи годишно
-
Со нов закон ќе се одземаат ингеренциите на градоначалниците
-
Има ли спас за културните институции во Македонија?
-
Трипуновски: Се обврзуваме на трансформација и враќање на достоинството на земјоделците
-
Повеќе повредени во пожар во Чаир
-
Вреди: Коалицијата е стабилна
-
Најголем интерес за инфраструктурни проекти