Вселенскиот патријарх Вартоломеј и бугарскиот Неофит ќе разговараат за МПЦ-ОА
Одлуката на Бугарската православна црква да се ангажира за застапување пред помесните православни цркви за воспоставување на канонскиот статус на Македонската православна црква се очекува да биде тема на разговор на претстојната средба меѓу бугарскиот патријарх Неофит и вселенскиот патријарх Вартоломеј.
Двајцата партијарси заеднички ќе служат литургија во обновената бугарската црква „Свети Стефан“, позната како Железна црква, во Истанбул на 7 јануари.
Извори од БПЦ досега во неколку наврати навестуваа дека нивната одлука за МПЦ веќе и е позната на Вселенската патријаршија.
Неофит ќе биде дел од официјалната делегација, предводена од премиерот на Бугарија, Бојко Борисов. Во бугарската делегација ќе бидат вклучени и митрополитите Гавраил Ловчански и Наум Русенски.
За Истанбул утре ќе замине старозагорскиот митрополит Кипријан, кој има задача да учествува во последните подготовки за долгоочекуваното отворање на реконструираниот храм.
На литургијата ќе учествуваат Борисов и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Реконструкцијата на црквата траеше шест години, а чинеше околу 3,5 милиони евра.
Ново на Сител
-
Приведен бегалец од затвор
-
По вчерашното невреме: Се поплави „8ми Септември“ - Затворени операционите сали
-
Позната е новата цена на струјата
-
Одложено судењето за случајот со спортските ваучери на АМС
-
100 години „СКОПСКО“ – Секој има своја приказна со „СКОПСКО“
-
Левица со кривична пријава против Африм Гаши, поради неодземањето на мандатот на Талат Џафери
-
Брнабиќ: Курти уште еднаш покажа дека не сака дијалог
-
Приведени двајца кумановци поради кражба