Врнежите добредојдени за земјоделството
Влажниот бран што ја зафати земјава не е доволен за целосно решавање на проблемот со сушата, но е добредојден за земјоделството, велат агрометеоролозите од УХМР.
Според нив, временските услови се повеќе од посакувани за земјоделците, за почнување на подготовките на површините за претстојната есенска сеидба кои доцнат пред се поради недостигот на влага во почвата.
Изминатите денови најмногу наврна во Скопје, Прилеп и Гевгелија, околу или над 30 литри на метар квадратен, во Струмица, Берово и Битола под 20 литри, додека на останатите места под 10 литри. Најзагрижувачка е состојбата во Овче поле и Штип каде беа забележани најмалку врнежи, само четири литри на метар квадратен.
-Оваа недела, особено на почетокот, се очекува стабилизирање на времето со повремена облачност, но со пониски утрински температури, кои нема да бидат негативни, што ќе овозможи берба на касните сорти десертно грозје, жетва на пченка, жетва на сончоглед, берба на тутун, берби кај градинарски култури,… Во текот на втората половина од неделата повторно ќе има услови за повремени врнежи кои очекуваме дополнително да ја подобрат почвената влага, неопходна за есенската сеидба, а се очекува и покачување на утринските и на дневните температури кои треба да достигнат од 21 – 23 степени, истакнуваат агрометеоролозите.
Се додека условите дозволуваат, а тоа се температури околу 20 степени и повисоки, препораката за пчеларите останува иста – да вршат поинтензивна прихрана со течна храна со цел припрема на семејствата за зазимување.
Ново на Сител
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп
-
Субвенции за сончоглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани