Свет
24. April 2016 - 10:39

Врховниот суд на Венецуела ги ограничи надлежностите на Парламентот

Врховниот суд на Венецуела, кој се смета за близок на претседателот социјалист Николас Мадуро ги ограничи надлежностите на Парламентот, кој е контролиран од опозицијата.

Судот поништи неколку членови од внатрешниот правилник на Националното собрание. Укинатите членови се однесуваат на надлежностите на пратениците да го одземаат имунитетот на своите колеги, на раководниот комитет на Парламентот да води дебати и да го определување времетраењето на дебатите и дневниот ред. 

Венецуела се соочува со длабока политичка криза, откако на парламентарните избори во декември опозицијата ја оствари првата победа од 1999 година.

Врховниот суд неодамна го поништи законот за амнестирање на припадници на опозицијата, кои се во затвор, а кој беше усвоен кон крајот на минатиот месец.