ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА! Еве што прогнозираат синоптичарите за наредниве денови...
Утре ќе преовладува променливо облачно време од пладневните часови со повремени врнежи од дожд проследени со ретки грмежи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на планините со повремен снег. Преку денот ќе дува и умерен, а во западните делови повремено засилен западен ветер кој кон вечерните ќасови ќе преминува во постуден северен ветер кој ќе се задржи и преку ноќта. Дневната температура ќе се движи од 11 до 23 степени.
Од понеделник температурите позначително ќе опаднат, ќе има и повремени врнежи од дожд претежно во југозападните и јужните делови, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.
Потоа ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури (во средината на неделата од -2 до 4 степени), а дневните ќе бидат во постепен пораст.
Ново на Сител
-
Обвинетиот за нападот на градоначалничката Арсовска не се чувствува виновен, започна доказната постапка
-
18-годишен мотоциклист почина откако се судри со „бмв“ со швајцарски национални ознаки
-
Собранието ја констатира оставката на претседателката на ДКСК Татјана Димитровска
-
Поништен тендерот за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз
-
Привршува рокот за електронско пријавување за сместување во студентските домови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол и марихуана
-
Директорка на училиште во Виница си ја вработила ќерката како професор по математика, иако немала соодветно образование
-
Активни седум пожари, три под контрола, пристигнува помош од Чешка и Словенија