Македонија
27. January 2016 - 8:18

Времето денес во Македонија ќе биде сончево и потопло

Времето денес во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до минус два, а дневната од седум по одделни котлини до 15 степени во крајните југоисточни делови од земјава.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со утринска магла. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до осум степени.

Во следните два дена не се очекува значителна промена на времето. Ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност и со појава на утринска магла по одделни котлини. Утринските и дневните температури не се очекува да се менуваат, меѓутоа во четврток дневната температура во крајните југоисточни делови се очекува да достигне до 18 степени.