Македонија
7. May 2016 - 8:46

Времето денес ќе биде сончево со температура до 25 степени

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за локален пороен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. 

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 18 до 25 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се спушти околу девет, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Утринската температурата ќе се движи од четири до 12, а дневната од 17 до 24 степени.

Од понеделник времето ќе биде постабилно и потопло со благ пораст на дневната температура.