Македонија
24. January 2020 - 13:49

Вратени надлежностите на гевгелискиот Основен суд

Основниот суд во Гевгелија од почетокот на годинава  повторно извршува надлежности од проширена дејност што му беа одземени пред 12 години, потврдија денеска од судот.

– Судот во општина Гевгелија повторно е надлежен во повеќе области како што се граѓански спорови во кои имотно правното побарување е над 50.000 евра,кривичната постапка за дела за кои е предвидена казна затвор над 10 години, во прекршочната постапка,во која новина е дека може да применува и алтернативни мерка како и за стопански спорови меѓу две лица што досега не беше случај, рече денеска претседателката на судот, Злата Попова.

Враќањето на надлежностите на Основниот суд од Гевгелија, според градоначалникот Сашо Поцков, е за поздравување бидејќи значително ќе придонесе за олеснување на судските постапки за граѓаните и
правните лица од четирите југоисточни општини, Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран, кои изминативе 12 години мораа да се јавуваат на суд во Велес