Врачена државната награда „8 Септември“
– Борачот Томе Коцев, спортскиот лекар Слободан Николиќ, кајакарот Атанас Николовски и фудбалерот Кочо Димитровски, легендата на ФК Вардар, се добитниците на државната награда „8 Септември“ во областа на спортот. Наградата на добитниците денеска им беше врачена во Собранието на Република Северна Македонија. Николовски службено беше отсутен, а наградата ја прими неговиот син и дел од семејството.
Наградата за животно дело во спортот ја доби каратистот Драган Стојановски, претседател на Карате федерацијата. Од име на добитниците на наградите се обрати Стојановски, кој истакна дека наградата е поттик за остварување подобри резултати.
Претседателот на Одборот за наградата „8 Септември“, проф.д-р Ленче Алексовска Величковска рече дека наградата им се доделува на тие кои биле најдобри во изминатите години и кои оставиле историски белег…
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски истакна дека на овој празник на нашата држава – 8 септември, голема е честа да се стои покрај овие големи имиња, кои во минатото ги направија горди своите граѓани и својата држава.
– Годинашните добитници на наградата со тоа што го сторија и се уште го прават за својата земја ја заслужија честа да бидат тие кои на најмладите генерции спортисти, тие кои на европските и светските борилишта треба да го бранат македонскиот дигнитет, ќе им го пренесат чувството на вредност на спортскиот пиедестал во насока на промоција на својата земја, потенцира Каевски.
Им порача на најмладите, идните репрезентативци дека Агенцијата за млади и спорт ќе ги поддржи сите млади талентирани спортисти, но, ќе даде поддршка и на останатите спортски работници кои се тука секогаш да им го пренесат знаењето и искуството на најмладите, бидејќи, како што рече, заедно обединети можеме да чекориме кон вистинските европски вредности за афирмација на Република Северна Македонија.
На врачувањето на наградите присуствуваа претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски, професори, претседатели на Спортската федерација, спортисти, тренери…
Ново на Сител
-
Најзагадениот град во светот ги полни амбулантите со пациенти
-
Врсничкото насилство е најчесто меѓу основците, оваа година стигнале 30 претставки до омбудсманот
-
Хаос во јавните претпријатија во Скопје
-
Тутунарите бараат просечна цена од 420 ден. за кг., денеска од 305 ваги работат само 19, тутун не се предава
-
Стартува амандманската расправа за буџетот - Поднесени над 300 амандмани од опозициски партии
-
Ќе растат платите на здравствените работници - Премиерот и синдикатот потпишаа договор
-
Продолжуваат преговорите со банките за кредитите за стопанството
-
Николовски: Изградбата на Коридорот 10 е приоритет и покрај обидите на Бугарија да ја заобиколи Македонија