Бизнис
15. February 2024 - 19:51

Вработените во Финансии останаа без покачувањето на платите од 30%

Вработените во Финансии нема да добиваат повисоки плати за 30%. Уставниот суд донел конечна, укинувачка одлука, со која платите на вработените се враќаат на ниво од 2022 та година. Според претседателката на Уставен, Кацарска, со ваквата одлука вработените не смеат да добиваат надомест на плата, во висина од 30 процени од основанта плата, но нема ни да ги враќаат парите, добиени со ваквото покачување.

 -Донесена е конечна одлука со која е укината оспорената одредба од законот. Се работи за укинувачка одлука, а не за поништувачка, што значи, во иднина вработените нема да го земаат тоа надополнување на плата, како што гласеше во Законот, и нема да ги вратат паричните средства што претходно ги добиле, истакна Добрила Кацарска, престедтаел ан Уставен суд.

Згоолемениот обем на работа, а ниските  плати во министерството биле причина за масовен одлув на кадар. Затоа, согласно Законот за буџети, почетокот на минатата година вработените добија покачување на платите од 30%. За зголемувањето поднесена е иницијатива до Уствен, од каде во декември донесоа времена одлука, со која се стопираше исплатата на покачувањето. Денеска Кацарска потврди дека донеле конечна одлука, со која не укинуваат надоместоците на плата.