Бизнис
16. July 2024 - 21:21

Подготвен ребалансот на буџетот - од што најмногу ќе се крати?

Од каде да се скрати, каде да се додаде. Се кројат последните ставки од ребалансот на буџетот. Неофицијално дознаваме дека вкупните приходи ќе бидат 5 милијарди 137 милиони евра, додека вкупните расходи 5 милијарди 858 милиони евра. . Ова значи дека дефицитот  во државаната каса ќе изнесува 720 милиони евра. Во предлог ребалансот предвидени се повисоки приходи, но и зголемени трошења, поради плаќање доспеани обврски. Премиерот Мицоски во Тема на денот ја обвини претходната власт дека лошо менаџирала со народните пари, па затоа дел од вработенит во јавните претпријатија со месеци немаат земено плата.

Највените 500 милиони еврза заем од Унгарија се испланирани во ребалансот и тие пари треба да се потрошат до крајот на годината.  Половина ќе одат за општините, а останатите за компаниите. Но, за да ги користат ќе треба да исполнат одредени услови.

Од опозициската СДСМ пак обвинија дека заемот од Унгарија на новата власт  ќе и служи за предизборен поткуп. Тој знае дека ако земе пари од проверени меќународни институции ќе треба да биде и контролиран како ги троши. Затоа, како што пишува СДСМ со ваквиот кредит Мицкоски планира да изврши огромна политичка корупција.Наведуваат и дека пари во буџетот има за се, а на премрот му порачуваат да престане да се правда дека буџетот е празен.