Вработени од Еурокомпозит на протест во Скопје
Вработени од прилепскиот загубар Еурокомпозит се собрани пред зградата на ССМ во Скопје. Најавуваат дека ќе одат пред Собранието, а потоа пред Владата каде ќе постават шатори и ќе кампуваат се додека не им бидат исплатени двете заостанати плати.
Вчера вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев порача дека Владата во наредните пет до шест месеци квалитетно ќе го реши проблемот на вработентите во Еурокомпозит, а во меѓувреме тие ќе ги земаат платите во месеците во кои ќе работат.
- Проблемот со Еурокомпозит се провлекува последните 15 години и не се создаде сега. Вработените немаат земено плата со години наназад и никој претходно не се обидел квалитетно да го реши нивниот проблем. Како Влада имаме донесено одлука Еврокомпозит да стане добро и здраво прептријатие и ќе ги разгледаме сите можности како да стигнеме до тоа, посочи вчера Анѓушев.
Вработените од Еурокомпозит веќе повеќе денови наназад бараат од Владата и вицепремиерот Анѓушев да го исполнат ветувањето што им го дале и да им ги исплатат двете заостанати плати во спротивно најавуваа дека ќе кампуваат пред Владата се додека не биде исполнето нивното барање.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и врски
-
Aнгелов: Законот за бранители на Славјанка Петровска е кукавичко јајце кој во реалноста не може да се спроведе
-
Академијата за судии и обвинители ќе добие нов директор, во трка седуммина кандидати
-
ЕСM: Цевководот под Беласица ќе биде поставен во наредните неколку месеци
-
СДСМ: Со ВМРО-ДПМНЕ просечната плата паѓа
-
Инспектори казнуваат и се уништува небезбедна храна
-
Реформи во судството ќе има со политичка воља, во спротивно ќе останат само на хартија
-
Античка Стибера останува под земја