Македонија
3. January 2022 - 12:17

Возот кој сообраќал од Битола до Скопје прегазил маж од Албанија кој лежел на шините

На 02.01.2022 во 14.00 часот во СВР Битола било пријавено дека патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, на потегот помеѓу стојалиште „Браилово“ и стојалиште „Слепче“, удрил во едно лице кое лежело на пругата.

Лицето починало на местото на несреќата, а по извршениот увид било констатирано дека станува збор за М.Д.(44) од Република Албанија.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.