Живот
19. December 2017 - 21:14

Вознемирувачко: Тргнал на работа и видел нешто чудно во тревата, мажот кој пронајде фрлено бебе ја воодушеви планетата

Едно тукушто родено бебе е пронајдено во трева во Рио де Женеиро.

Папочната врвца и натаму стоела на машкото бебе кога го нашол инженерот Александар да Силва Диас де Фритас. Тргнал на работа и забележал нешто чудно во тревата и веднаш повикал полиција.
 
Детето имало нешто повеќе од 2 килограми, а се верува дека било фрлено во тревата непосредно пред да го најде де Фритас зошто било во добра здравствена состојба.
 

Александар во болницата се сликал со бебето што го спасил, а за локалната телевизија раскажа дека првично мислел дека во прашање е кукла.

-Кога погледнав долу, го видов тоа малечко суштество и помислив дека е кукла. Го зедов во прегратка и повикав полиција. Божиќ се ближи, а секогаш ќе се сечавам дека овој ден на некого му го спасив животот, рече тој.