Вознемирувачко: Ја убил сопругата и сликата од нејзиното мртво тело ја објавил на Фејсбук
Суд во американскиот град Мајами го прогласи Американецот Дерек Медина за виновен поради убиство на неговата сопруга.
За да биде случајот по бизарен, откако ја убил сопруга, Медина го сликал од нејзиното мртво тело и сликата ја објавил на Фејсбук.
Во текот на судскиот процес, Медина призна дека со својот мобилен телефон ја сликал убиената сопруга и потоа сликата ја објавил на социјалната мрежа, но не успеа да ја увери поротата дека осум пати пукал во неа во самоодбрана.
Според Медина, тој со години бил „жртва на насилство“ од неговата 27-годишна сопруга Џенифер Алонсо, а дека пукал во неа откако таа при една расправија се „нафрлила врз него, со нож во раката“.
Полицијата и обвинителството тврдеа дека телото на мртвата жена било најдено на подот во склупчена состојба, што наведува дека таа во тој момент не можела да го напаѓа сопругот.
Убиството се случило во нивната заедничка куќа во Мајами во август 2013 година.
Во текот на судењето, јавниот обвинител објаснил дека Алонсо била изложена на постојани закани од сопругот дека ќе ја убие, доколку го напушти, за што таа повеќепати им се пожалила своите пријатели.
Заедно со сликата на мртвата сопруга, Медина на Фејсбук напишал дека очекува да биде осуден за тоа што го направил, со затворска или дури и со смртна казна.
Дерек Медина (33) сега се соочува со казна затвор до 25 години, за убиство од втор степен.
Ново на Сител
-
Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење злато, лекови и суплементи
-
Во Прилеп почнуваат чествувањата за Карпалак
-
ДЗР: Нефункционални објекти, дотраена опрема и изгубена можност за остварување дополнителни приходи на спортската сала „Борис Трајковски“
-
Кремљ: Путин прифати средба со Трамп
-
Казнети 46 возачи на електрични тротинети
-
Уапсени двајца возачи, возеле со по 1,93 и 1,59 промили алкохол во крвта и предизвикале сообраќајни незгоди
-
Лишени од слобода две лица во скопско Рашче, пукале на свадба
-
Билки штетни за во спалната соба