Вознемирувачко: Гнасно убиство во пренос во живо - Новинар снимаше искршен банкомат, го покоси куршум во глава
Новинар од Никарагва е убиен во текот на јавување во живо од насилните антивладини протести.
Анхел Гаона се јавувал во живо од крајбрежниот град Блуфилдс, на југот на земјата, кога се слушнал истрел и тој паднал на земја крварејќи од главата, покажуваат снимките.
Тој го опишувал уништениот банкомат додека го снимал со телефон, а камерманот снимал зад него. Според локалниот весник Ел нуево диарио, тој настанот го пренесувал во живо на Фејсбук.
Истрелот го прекинал неговото јавување и Гаона паднал низ скалите пред зградата. Додека лежел, луѓето го извикувале неговото име и потрчале да му помогнат.
Според локалните медиуми, новинарот подоцна починал, а уште не е јасно кој пукал во него.
Никарагванскиот весник Ла Пренса наведува дека на тоа место вооружени биле само полицијата и групите кои се борат против демонстрантите.
Да потсетиме, во Никарагва веќе неколку дена се одржуваат демонстрации против плановите на владата да ги намали пензиите и работничките права, а во нередите загинаа најмалку 10 луѓе.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници