Возило излета на автопатот Неготино-Велес кај патарината, две лице лесно повредени
Утрово во 6,30 часот на патот Неготино – Велес во близина на наплатната рампа од патот излетало возило при што со лесни телесни повреди се здобиле две лица.
Како што информира за МИА,Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес станува збор за двајца странски државјани, Унгарци кои излетале од патот, кои се здобиле со помали телесни повреди. Тие, со возило на Итна помош биле однесени на преглед во велешката Општа болница.
Од велешката ЈЗУ Општа Болница како што информира портпаролот Марина Андова утрово ,околу 8 часот во болницата биле примени двајца странски државјани, маж и жена на средни години.
Двајцата биле амбулантски третирани од нивен лекарски тим и било констатирано дека имаа само нагмечувања по телото, а по лекарската интервенција биле пуштени од болницата
Ново на Сител
-
Песков: Путин и Трамп се согласуваат дека е можно мирно решение за Украина
-
Најмалку 20 повредени при влетувањето на автомобил во толпа во Минхен, возачот е уапсен
-
Бугарин приведен во Куманово за измама на повеќе лица
-
Јаневска: Расправата за концепцијата за гимназиско образование ќе продолжи, предлозите се генерално за зголемен број часови
-
АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети, уништени 22,3 тони небезбедна храна | ФОТО
-
Поднесена кривична за директорот и неколку службени лица на РЕК Битола
-
Бугарија реагира на изјавите на премиерот Мицкоски
-
СДСМ оди на избори на 16 март