Возење пар - непар, нови мерки за намалување на загадувањето
Воведување сообраќаен режим пар-непар, односно предлог за измена на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Владата да ги задолжи сите државни и јавни институции и да им препорача на локалните самоуправи за 50 отсто да го намалат користењето на службените возила.
Ова се мерките кои ги предлага Министерството за животна средина и просторно планирање до Владата за намалување на загадувањето.
Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, ресорниот министер Башким Амети денеска се сретнал со претставници на граѓанските здруженија и дискутирале за актуелните проблеми со квалитетот на амбиенталниот воздух и за предлог-мерките за намалување на аеро-загадувањето.
- Целта на оваа средба беше преку неформален дијалог со претставниците на невладините организации кои се занимаваат со оваа проблематика да се разгледаат и продискутираат конкретни, применливи мерки кои во краток временски период ќе дадат видливи резултати во намалување на загадувањето на воздухот, се вели во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд