Возеле без возачки дозволи и предизвикале сообраќајки во Тетовско
Две момчиња на возраст 16 и 17 години завршиле во болница во Тетово, откако со автомобил „Фолксваген Голф“ ноќеска удреле во ѕид од куќа во тетовско Теарце.
Како што соопшти СВР Тетово, возилото со тетовски регистарски таблици, што го управувал 16-годишник кој немал положено за возачка дозвола, излетало од коловоз и удрило во ѕид од куќа.
Двајца сопатници од „Голфот“ со друго возило биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на помош. Извршен е увид, информира СВР Тетово.
Тетовската полиција бележи и случај на 27-годишник кој без возачка дозвола управувал возило „Бе-Ем-Ве“ и удрил и повредил велосипедист на улица „Благоја Тоска“ во Тетово синоќа околу 19 часот и 20 минути.
СВР Тетово информира дека 27-годишниот А.И. од тетовско Селце, удрил во 70-годишниот тетовец Н.Е., по што го напуштил местото на настанот, но потоа самиот се пријавил во тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај.
Велосипедистот Н.Е. поради здобиените повреди е задржан на болничко лекување во тетовската клиничка болница.
Ново на Сител
-
Манолева: Договорени се алтернативнин решенија за хируршките сали
-
ЦУК: Нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува околу Кавадарци, Неготинио и Демир Капија
-
Димитровска: По верификација на мандатот именуваните и избраните лица треба да се откажат од сите претходни функции
-
Кое е вашето емотивно наследство? | Марина Анчевска | Личен развој | Sitel Podcast 040
-
Македонските кикбоксери од Балканско со 9 златни, 12 сребрени и 11 бронзени медали
-
Најтопло во Велес, Гевгелија, Кавадарци - 34 степени, до крајот на денот локална појава на пороен дожд и грмежи
-
Пред Ајфеловата кула оставени ковчези оставени со натпис – француски војници од Украина, приведени три лица
-
Повеќе загинати и повредени во пожар во руска нафтена рафинерија