-->
-->
Возел мигранти, наместо да застане, со трчање им бегал на полицајците
-->
Вчера во 15,00 часот на регионалниот пат Негорци-Прдејци кај клучката за приклучување на автопатот Демир Капија – Смоквица, од страна на полициски службеници, на даден знак за запирање, возач на патничко возило “Опел Омега” не го запрел возилото и продолжил да се движи кон Граничниот премин Богородица, по што возачот го сопрел возилото и се дал во бегство.
При преглед на наведеното возило биле пронајдени 10 лица-мигранти, од кои девет од Пакистан и едно лице од Непал.
Од извршените проверки, било утврдено дека, регистарските таблички на наведеното возило припаѓаат на возило “Опел Кадет” сопственост на лице од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Влада: Уставните измените со одложено дејство се се уште во игра
-
Мицкоски: Сакаме да биде конструктивни но не плашат билатералните прашања
-
Италија сè уште ги признава само возачките дозволи со „Република Македонија“
-
Коцевски демантира дека вршел притисок врз обвинители
-
СДСМ предлага минималец од 450 евра, ВМРО-ДПМНЕ најде грешки во пресметката, реагираше и ССМ
-
Единствен регионален пазар – придобивки и предизвици
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче: Минимална плата 27.700 денари