Воздухот во Скопје и денеска загаден, бесплатен јавен превоз за скопјани
Воздухот во Скопје и денеска е загаден над дозволеното. Највисоки концентрации на ПМ10 честички повторно има во Лисиче 187 микрограми на метар кубен, Ректорат 173, Центар 107, Гази Баба 104, Карпош 92.
Највисоки концентарции на ПМ2,5 честички има во Карпош 64 и Центар 54 микрограми на метар кубен.
Во другите градови највискои концентрации на ПМ10 честички се измерени во Битола 135 микрограми на метар кубен, Кочани 126, Кичево 117, Тетово 109 и Кавадарци 87.
Највисоки концентарции на ПМ2,5 честички во другите градови се измерени во Битола 127, Тетово 106 и Куманово 57 микрограми на метар кубен.
По добиените информации дека квалитетот на воздухот во Скопје последователно два дена е загаден над дозволеното, односно над 200μg/m3, повторно беа активирани мерките за ублажување на последиците од аерозагадувањето во градот.
Ново на Сител
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол