Полицијата наведе дека се пронајдени и три чаури во гаражата на Националата гарда во центарот на Тирана.
Албанскиот министер за внатрешни работи Фатмир Џафај изрази жалење на смртта на возачот за кој рече дека бил „исклучителен работник“ и дека го сметал за дел од семејстовото.
Џафај апелираше до медиумите да ја „почитуваат болката на неговите родители, браќа и роднини“.
Како што се дознава, тој е пронајден во автомобил со прострелна рана во глава од огнено оружје и дека било нишането во правец од десно кон лево.
Тој во рака имал машинка, за која се претпоставува дека е негово службено оружје, и полицијата не ја исклучува можнсота Ќордја да извршил самоубиство.
Колегите на возачот изјавија дека не забележале дека имал некакви проблеми.