Македонија
30. January 2019 - 19:26

Возач на ЈСП за пример, на скопјанец му го вратил паричникот со цела плата

За делото на возачот Мирослав Деспотовиќ, возач во ЈСП, ќе се зборува долго време. Тој пронашол паричник со многу пари и лични документи. Веднаш пријавил во во внатрешната контрола на јавното претпријатие.

Лесно било констатирано дека сопственик на паричникот е скопјанецот Фериз Шабани, по што бил исконтактиран и бил информиран дека неговиот паричник е пронаден.

„Пресреќен сум, плачев од радост. Во паричникот ми беше целата плата, имав 10.000 денари и 200 евра. Да не зборувам дека внатре беа мојата и личната карта на мојата сопруга и сите други документи. Не знам како ќе преживеев без парите, до следната плата. Премногу сум благодарен што сè уште постојат чесни луѓе“, вели Шабани.

Несекојдневниот настан се случил деновиве во автобусот број „53“, кој сообраќа од Транспортниот центар до Катлановска бања.

Од јавното претпријатие велат дека возачот ќе биде награден за својата чесност.