Македонија
19. May 2024 - 15:52

Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш

На 19.05.2024 околу 01.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип-Радовиш се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даеву ланос“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.С.(66) од с.Милетино, тетовско и патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од П.Д.(23) од с.Блаце, општина Брвеница.

-Во несреќата со тешки телесни пореди се здобила сопатничката од возилото „даеву ланос“, Б.С.(61) од с.Милетино, додека со телесни повреди се здобил возачот на истото возило, констатирани во Клиничка болница Штип, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.