Свет
29. July 2024 - 13:53

Воз излета од шините во близина на Волгоград, сто луѓе се повредени

Во железничката несреќа што се случи денеска во близина на рускиот град Волгоград, кога воз се судри со камион и излета од шините, според прелиминарните информации, повредени се 100 лица, пишува весникот „Известија“ повикувајќи се на Телеграм канал 112.

Руска новинска агенција наведува дека се превртеле осум вагони.

Други руски медиуми јавуваат дека возот излетал од шините и дека се утврдува бројот на повредени.