Ворнок: Миовски е најдобриот напаѓач во мојата тренерска кариера
Англискиот 75-годишен стратег Ник Ворнок го нарече Бојан Миовски најдобриот напаѓач во неговата тренерска кариера, откако македонскиот репрезентативец со два гола во саботниот дуел против Бонириг Роуз дојде сезонава до бројката од 22 погодоци и го однесе Абердин во четвртфиналето во шкотскиот Куп.
Комплиментите за Миовски доаѓаат од еден од најискусните англиски тренери кој зад себе има над 1.600 натпревари во елитната англиска лига како поранешен предводник на Шефилд јунајтед, Квинс Парк Ренџерс, Кристал Палас и Кардиф.
„Да бидам искрен, во целата моја тренерска кариера ми недостасуваа напаѓачи. Имав добри голмани, централни дефанзивци и играчи за врска, но никогаш немав напаѓач. Помалку е иронично што во оваа фаза од мојата тренерска кариера го имам веројатно најдобриот напаѓач“, рече Ворнок, кој во понеделникот беше назначен за нов тренер на Абердин.
Миовски на вчерашниот натпревар беше прецизен во 17 и 25 минута што на крајот беше и конечниот резултат со кој Абердин обезбеди пласман во четвртфиналето на Купот на Шкотска.
Миовски од почетокот на сезонава постигна 22 голови во сите натпреварувања во дресот на Абердин, а со 13 голови во шкотското првенство е втор на листата најдобри стрелци.
Ново на Сител
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче
-
Во домот на 16-годишник пронајдени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми
-
ЦУК: Осум активни пожари, се уште активен пожарот во резерватот Јасен
-
Kуче врзано влечено со автомобил па фрлено во речно корито во Крива Паланка, го спасиле пожарникари | ФОТО
-
Уште еден случај на затруено дете во Куманово
-
Евакуирани 150 лица од лондонска болница поради хемиски инцидент
-
Унгарија бесна на Украина поради нападот врз рускиот гасовод