Вооружен маж уби три лица во Калифорнија, а потоа и се предаде на полицијата
Вооружен маж синоќа отвори оган во градот Фресно во централниот дел на Калифорнија, при што уби три лица, а едно рани, по што и се предаде на полицијата.
- (Напаѓачот) Кори Али Мухамед, 39-годишен Афроамериканец, извикувал „Алах акбар“ пред да биде уапсен, истакна полковник Марк Хадсон од локалната полиција.
Полицијата потврди дека уапсениот напишал на својот Фејсбук профил дека ги мрази белците и Владата.
Властите трагале по Мухамед уште пред вчерашниот напад под сомнеж дека минатата недела убил припадник на безбедносните сили пред еден мотел во градот.
Началникот на полицијата во Фресно, Џери Даир истакна на прес-конференција дека сите жртви се мажи, припадници на белата раса, а според истражните органи не станува збор за терористички напад, туку за дело извршено од расна омраза.
Ново на Сител
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш