Вонредна ситуација во регионот, мештаните евакуирани- децата не можат да стигнат до училиштата
Вонредна ситуација е воведена на територијата на Србија поради поплавите низ целата земја и поради актуелни прогнози за порастот на водостоите на територијата на целата земја, кои ги издал Републичкиот дирометеоролошки завод.
Селото Вича е целосно под вода, спасувачките екипи се на терен со механизација од рано утринава, јавува репортер на ТВ Прва, кој кажал дека бил запрепастен од глетката која ја затекнал.
Претседателот на општината вели дека неколку села во таа област се под вода. Според тоа што тој го кажал, силниот дожд почнал да врне уште во 5 часот утринава, а наредба за евакуација била издадена во 06:30 часот, меѓутоа не биле сите жители евакуирани.
На снимките објавени во медиумите се гледа огромна количина на вода која го поплавила цело село.
Ново на Сител
-
Со „Сино знаме“ наградени 64 плажи и две марини во Република Кипар
-
Кампања за заштита на шумите од пожар
-
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел ја потврди посветеноста на државата кон колективната безбедност
-
Предложен притвор за осомничен за четири тешки кражби
-
107 санкции за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери
-
ЕСМ и натаму ќе снабдува по иста цена
-
Клековски: Формирана е работна група за следење на напредокот при лекувањето на пациентите од Кочани
-
Саити: Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани, остануваат 49 милиони што ќе се исплатат наскоро