Вонреден надзор во депонијата Дрисла, не е утврдена радијација
- Државниот инспекторат за животна средина денеска извршил вонреден инспекциски надзор на депонијата за комунален отпад Дрисла. Утврдено е дека се почитува решението за неработење на инцелераторот (специјална печка за согорување медицински отпад) во денови кога има надминување на прагот на алармирање. Од 1 јанаури 2018 година до денеска инцелераторот не е во функција, а примениот медицински отпад се складира во контејнери.
Ова на денешната средба со медиумите го соопшти заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули. Тој соопшти дека во тек е набавка на воден филтер за постоечкиот инцелератор, кој ќе биде инсталиран во следниот период.
Од менаџментот е добиена информација дека сите потребни процедури и документи/дозволи за набавка на нов инцелератор се завршени и согласно склучениот договор се очекува опремата да пристигне до средината на април, а потоа во рок од 45 дена би се пристапило кон монтажа. Намената на инцелераторот би била освен согорување на медицинскиот отпад и производство на електрична енергија. Се очекува пробната работа да почне во текот на јуни годинава.
Макрадули информира дека Дирекцијата за радијациска сигурност направила инспекциски надзор во Дрисла и додаде оти таму не е утврдена радијација. Тврди дека од 2013 до 2017 година во Македонија не е влезен медицински отпад од странство.
Дрисла е единствената инсталација во Македонија која преку инцелераторот го третира медицинскиот отпад. Макрадули посочи дека со Министерството за здравство разговараат медицинскиот отпад да биде третиран во самите установи, односно онаму каде што се создава.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на средбата со медиумите рече дека e добро депонијата Дрисла да се врати под надлежност на Град Скопје, да добијат податоци за работењето во изминатите седум-осум години и да се направи ново јавно-приватно партнерство, кое би било со примена на нови технологии.
Шилегов информираше дека Дрисла е капацитет на градот, кој согласно активниот договор 80 отсто е на италијанскиот партнер, а само 20 отсто на Град Скопје. Во правна смисла, како што рече, тоа сериозно ги ограничува можностите на Град Скопје да интервенира во работењето. Град Скопје има само еден член во управниот одбор на ова претпријатие. Оваа состојба е од 2011 година, кога е донесена одлуката за јавно-приватно партнерство.
Скопскиот градоначалник соопшти дека во изминатиот период имал состаноци со потенцијални кандидати кои сакаат да го менаџираат отпадот во Скопје, а се размислува и за фабрика за отпад.
Шилегов и Макрадули потенцираа дека проблемот со загадувањето е мултикомплексен и оти не може веднаш да се реши. Дрисла има влијание врз загадувањето, кое не е пресудно.
Ново на Сител
-
Утре без струја дел од Аеродром и Карпош, без вода дел од општините Центар и Кисела Вода
-
Трамп се закани со дополнителни царини за Кина ако таа не ги повлече најавените возвратни мерки против САД
-
Прва психолошка помош со Васка Митова, специјалист психијатар од клиниката за психијатрија
-
Ѓорчевски: Во моментот кога го одземаа животот на Вања, го одземаа и мојот
-
Кривична за скопјанец кој го тепал својот син и сакал да го исфрли од нивниот дом
-
Две лица од кривопаланечко го убиле својот сосед, го запалиле телото и ги закопале остатоците
-
Од 3,5 на 2 години намалена казната затвор за Пајазити за прегазувањето на 22-годишната Теодора
-
Таткото на Вања: Полицајци ме правеа ретардиран, ме убедуваа се регрутирала во ИСИС заминала за Шведска