Вонреден инспекциски надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек
Државниот просветен инспекторат денеска ќе изврши вонреден надзор во основното училиште „7 Март“ во тетовско Челопек, потврди за МИА директорот на Инспекторатот, Шабан Ајалбегу.
Инспекторите на терен треба да утврдат одговорност за организирањето училишна приредба во која учествуваат ученици облечени во воени униформи со амблеми на УЧК и со пушки во рацете.
За настанот вчера реагираше и министерката за образование и наука Весна Јаневска која на Фејсбук напиша дека е „длабоко разочарана и вознемирена“ од одлуката на раководството и наставниците во ОУ „7 Март“ во Челопек да ја организираат приредбата, но и од одобрувањето на родителите на учениците „кои ракоплескаа на сето тоа“.
-Ваквиот чин не само што педагошки е неисправен, туку е и нечовечен, неетички, неморален и законски казнив, напиша, меѓу другото, Јаневска и најави дека покрај „соодветна постапка против училиштето“, инспекторите ќе постапат и во други две училишта за кои добила информации дека имало „слични активности“.
Ново на Сител
-
Европското јавно обвинителство покрена истрага против обвинителката Георгиева
-
Наглите температурни разлики негативно влијаат врз здравјето на луѓето
-
597 сообраќајни прекршоци вчера на патиштата низ државата, 200 за непрописно паркирање
-
Викендов почнува летното сметање на времето
-
Орбан: Брисел се подготвува за војна
-
Алонсо за потенцијалниот договор со Реал Мадрид: „Ситуацијата сега е поинаква“
-
Лишени од слобода двајца возачи кои со возила удрија пешаци во Скопје
-
Земјотрес почувствуван во Битола и околината