-->
-->
Војник пукал со „калашников“ и убил петмина чувари во воена фабрика во Украина
-->
Војник на украинската национална гарда денеска, од засега непознати причини, пукал во припадници на обезбедувањето во воена фабрика во Днепар, при што уби пет лица, а рани уште петмина, соопшти денеска украинската полиција.
Инцидентот се случил рано утрово во фабрика за проектили „Пивденмаш“ при примопредавање оружје на стражарите, се наведува во соопштението.
Напаѓачот отворил оган од автоматска пушка „Калашников“, а потоа побегнал од местото на настанот, соопшти Министерството за внатрешни работи, додавајќи: „Како резултат на тоа, пет лица загинаа, а уште петмина се повредени“.
Полицијата трага по војникот кој избегал по инцидентот, а кој бил во служба од 2001 година.
Објектот „Пивденмаш“, поранешен Јужмаш, е државна фабрика за воздухопловство која произведува и тестира материјали поврзани со одбраната, аеронаутиката и земјоделството, според нејзината веб-страница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?