Воена делегација од НГ на Вермонт на работен состанок во ГШ на АРМ
Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски денеска прими воена делегација на националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД Вермонт, предводена од командантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј.
Како што соопшти денеска ГШ на АРМ, на работната средба делегацијата од НГ на Вермонт се запознала со активностите на АРМ во изминатиот период, пред се со стекнатите искуства на АРМ во нејзиниот ангажман во справување со мигрантската криза и последиците од поплавите.
- Посебен акцент се даде на начинот на организација во справување со кризните ситуации, менаџирање со ангажираниот персонал и ресурси, како и координацијата со останатите државни институции, стои во соопштението.
Генералот Величковски го истакнал искреното пријателство и одличната соработка на АРМ со НГ на Вермонт, која досега се спроведува преку заедничкото учество во мировни операции, реализација на голем број заеднички вежби, обуки и едукација на припадниците на двете армии.
Генералот Креј, заблагодарувајќи се на гостопримството, истакнал дека е горд на соработката со АРМ и оти пријателството кое изминатите години е изградено, значи и партнерство.
За време на престојот во ГШ на АРМ генералот Креј бил примен од министерот за одбрана Зоран Јолевски.
Делегацијата од НГ на Вермонт во текот на денешниот ден ќе направи обиколка на инженерискиот баталјон и баталјонот на воена полиција во касарната Илинден во Скопје, а утре со генералот Величковски ќе бидат обиколени единиците на АРМ стационирани на јужната граница и посета на гарнизонот Штип.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање