Свет
31. August 2023 - 19:58

Водачот на „Гордите момчиња“ доби 17-годишна казна затвор за нападот врз Капитол во САД

Лидерот на „Горди момчиња“ (Proud Boys) кој повика на „војна“ за да остане претседател Доналд Трамп, денеска беше осуден на 17 години затвор, една од најдолгите казни досега поради нападот врз Капитол во 2021 година.

Обвинителите рекоа дека Џо Бигс бил клучна фигура во „бунтовничкиот заговор“ за насилно поништување на изборната победа на Џо Бајден, предводејќи ги поддржувачите на Трамп во нападот во воен стил на 6 јануари врз американскиот Конгрес.

Ново на Сител