Македонија
6. August 2020 - 8:11

Во земјава 3557 активни случаи со Ковид-19, во светот на секои 15 секунди по еден човек умира од коронавирусот

Во моментов во земјава се активни 3557 случаи на заразени со Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 11289 случаи на заболени лица, се излекуваа 7221 лица, а починаа 511. Вкупно се направени 108384 тестирања за Ковид -19.

Се уште најмногу нови случаи се бележат во Скопје, каде во моментов се активни 1303, во Куманово се активни 262, во Дебар 118, Штип 433, Прилеп 46, Тетово 212, Струга 187, Велес 22, Битола 66, Охрид 76, Кавадарци 63, Гостивар 288, Гевгелија се активни 12, Струмица 23, Крива Паланка 11, Радовиш 16, Крушево 8, Кочани 20, Пробиштип 22, Демир Хисар 26, Македонски Брод 35, Берово 4, во Виница се активни 21, Делчево 4, Кратово 7, Свети Николе 134, Кичево 109, Ресен 21 и во Неготино 8 случаи.

По општини во Скопје најмногу активни случаи се забележани во Чаир 168, Аеродром – 147, Бутел – 84, Гази Баба – 133, Центар – 106, Карпош – 113, Сарај – 60, Кисела Вода – 141, Ѓорче Петров – 92, Студеничани – 45, Шуто Оризари – 108, Арачиново – 24, Илинден – 24, Петровец – 17, Чучер Сандево – 9, Сопиште – 20, Зелениково- 7 и петмина странци.

Вкупно во Инфективната клиника се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациенти, еден на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и пет деца позитивни, како и двајца пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“  вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респираторна машина се четири пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 124 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Според проценките врз основа на податоците од изминатите две недели, на секои 15 секунди во севтот по еден човек умира од коронавирусот. Тоа е еднакво на 247 луѓе кои починуваат секој час.

Речиси 5.900 луѓе во просек умираат од Ковид-19 на секои 24 часа, а најмногу жртви има во САД, Бразил, Индија и Мексико.