Македонија
27. January 2016 - 15:46

Во Виница отворен инфо центар на СВР Штип

Инфо Центарот на СВР Штип во Виница кој од денеска започна со работа,  ќе  биде место за средби на граѓаните со полицијата. 

- Целта на овој проект е да ја подобриме безбедноста на ниво на СВР-Штип. Во наредниот период ќе заседава и советодавната група на граѓани која ќе одржи средба со претседателите  на месните заедници, со цел овој проект да се доближи и до нив, изјави Ангелчо Стојановски,  инспектор за превенција во СВР -Штип.

Градоначалникот Емил Дончев ја поддржа оваа иницијатива, нагласувајќи дека во Виница се реализираат повеќе проекти со помош на советодавната група и Одделот за превенција и Полициската станица Виница , а се во насока на превентивна реакција и заштита на граѓаните, пред се на младата популација.

Сите овие активности СВР Штип во соработка со Полициската станица во Виница ги реализира во  рамки на кампањата „Полицијата поблиску до граѓаните“.