Во Виница одбележана 18-годишнината од загинувањето на капетанот Кирчо Димитриов
Поминаа 18 години од денот кога кај караулата во близина на селото Танушевци загина капетанот на АРМ, Кирчо Димитриов од Виница. По тој повод, Општинската организација на резервни офицери организираше панихида пред неговата биста во дворот на Општина Виница, а членови на семејството, претставници од Владата, од Армијата и од локалната самоуправа положија цвеќе.
Сеќавање на околностите што довеле до загинувањето на капетанот Димитриов, евоцираше Гоце Георгиев, претседател на Организацијата на резервни офицери од Виница.
– Смртта го затекна токму на 4 март 2001 година, на работното место кај месноста Рамно близу Танушевци, извршувајќи ги несебично и беспрекорно задолженијата и обврските од неговите претпоставени. Загина тогаш кога Македонија ги преживуваше најтешките моменти од својата понова историја, кога на татковината и беа најпотребни ентузијасти, градители, бранители. Со неговата смрт изгубивме човек за пример, но останува сеќавањето на почитуван граѓанин, за пример на младите генерации како се сака сопствената држава, истакна Георгиев.
Во рамки на одбележувањето на годишнината од загинувањето на капетанот Кирчо Димитриов, ученици од основните училишта во Виница се претставија со кратки рецитали, а обраќање имаше и градоначалникот Ивица Димитров.
Националниот координатор за прашања поврзани со здружението на бранители, Стојанче Ангелов најави поддршка од државата за организирање на традиционалниот турнир во мал фудбал, што годинава ќе се одржи по шести пат.
Ново на Сител
-
Маж и жена од Македонија се заглавиле во заливот Филикури, ги спасиле полицајци
-
Дубровник под вода по силното невреме | ВИДЕО
-
Дошла кај него за да му раскине, а тој ја нападнал и се обидел да ја силува
-
Маж со пушка си го бранел насадот со пченка од диви свињи
-
Кумановка нападната од синот
-
Кривична пријава за девет лица затекнати во незаконска сеча на дрва
-
Невремето „Атена“ ќе ја зафати Грција – предупредување за опасни временски појави
-
ЦУК: Под контрола пожарот во Мариово, активни вкупно пет пожари