Во Венецуела ќе снимаат серија и филм за Хуго Чавес
Во Венецуела ќе се снима филм и серија за покојниот претседател Хуго Чавес, изјави неговиот наследник на функцијата Николас Мадуро.
- Одлучивме да се снима филм и серија во Венецуела за Чавес за да му го претставиме вистинскиот дух. Една мултинационална компанија нема да го обезличи нашиот Хуго Чавес, изјави Мадуро.
Сони пикчерс веќе подготвуваат продукција за историскиот лидер на Боливарската револуција. Во почетокот на мај, Сони пукчерс потврди дека почнале со снимање телвизиска серија со наслов „Хуго Чавес, Команданте“. Мотото на продукцијата напишано на рекламен плакат е – Силата на страста и страста на силата.
Улогата на Чавес во серијата на Сони пикчерс ќе му биде дадена на колумбискиот актер Анрес Пара кој веќе играше во колумбиската серија „Пабло Ескобар, шефот на злото“.
Ново на Сител
-
Зеленски ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција
-
Ердоган: Потребен е нов светски поредок
-
Маск повика на затварање на Радио Слободна Европа и Гласот на Америка
-
Николовски: Поднесени пријави за уште осум лица за кривичните дела со употребувани возила
-
Претседателот на Адана Демирспор поднесе оставка по напуштањето на натпреварот против Галатасарај
-
Поскапуваат ЕУРОСУПЕР БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство
-
Истражување: Дури и кратка изложеност на загаденост влијае лошо на вниманието, расудувањето и однесувањето
-
УЕФА го претстави дизајнот на топката за финалето на Лигата на шампионите