Во велешката болница тројца оздравени, двајца починати од Ковид-19
Во велешката Општа болница со Ковид-19 вкупно хоспитализирани се 65 пациенти, од кои 11 се сместени на Oдделението за физикална медицина. Од нив пет се сомнителни, а останатите потврдени позитивни. Тројца пациенти се испишани со еден негативен тест како оздравени, a 20 пациенти се на кислородна поддршка,информира др Весна Неделковска Николова од велешката Општа болница.
На Интерното одделение во велешката Општа болница има двајца пациенти сомнителни на Ковид-19.
Вчерапопладне и утрово во велешката болница од Ковид починаа двајца пациенти. Вчера попладне починала една 68-годишна жена од село Виничани, која била примена претходниот ден во тешка состојба со ниска сатурација. Утринава починал и маж од Велес исто на 68 години примен пред три дена со нагло влошена состојба.
– Инаку во текот на вчерашниот ден во велешка болница била примена и итно транспортирана до клиниката „Жан Митрев“ во Скопје жена на 62 години потврдена позитивна со отежнато дишење и ниска сатурација,информира д-р Неделковска Николова.
Ново на Сител
-
Дембеле за мечот со Данкерк: Останавме фокусирани и покрај водството на противникот
-
УХМР: Зголемен водостостојот на реките
-
Палчо отстранет од судница, Кешишев се плаши да зборува пред него
-
Во Тетово приведен бегалец од затвор
-
НБА суспендираше петмина кошаркари за тепачката во Минеаполис
-
У19: Македонските фудбалерки со победа ги почнаа квалификациите во Б дивизијата
-
Премиер лигата воведува полуавтоматизирана технологија за проценка на офсајд
-
Јокиќ постави рекорд во НБА