Во Велес се одржа јавна расправа од проектот „Учествуваме, застапуваме, менуваме“
„ЈАДРО“-независната културна сцена која во јавно цивилнопартнерство има простории во Општина Центар во Скопје, од јануари во самата општина на сите заинтересирани од независната културна сцена од Скопје и другите градови ќе им понуди свој отворен простор, а каде тие ќе може да реализираат некоја своја активност на отворено.
Активностите на „ЈАДРО“ преку овој завршен проект синоќа беа презентирани во Велес, пред заинтересирани културни творци од повеќе области.
Како што појасни за МИА Христина Ивановска Чаловска оваа нивна активност ќе се реализира преку отворен календар.
-Отворениот календар ќе биде видлив и секој ќе може да кликне и да напише што би сакал да го реализира преку некоја своја програма или активност. Да потенцирам дека секој што е заинтересиран, ние нема да имаме приоритети и нема да имаме елитизирање на културата, односно на секој на кој му треба простор вклучувајќи ги и граѓаните кои живеат во околината во оваа месна заедница каде се наоѓа нашата канцеларија во Скопје. На тој простор сите заинтересирани од културната сцена од земјава слободно ќе можат да понудат одредена активност која би сакале да се случува на тој простор,појасни Ивановска Чаловска
Воедно најави дека вакви независни центри наскоро ќе се отворат и во други градови во земјава.
Ново на Сител
-
Приведен маж од Тетовско поради приредување игри на среќа без лиценца
-
ИДФ нареди евакуација на 35 области во јужен Либан
-
„Андроид 16“ би можел да го носи кодното име „Баклава“
-
Последен пат ја виделе неандерталците: Комета, што се појавува еднаш на 80.000 години, месецов е на небото над Земјата
-
Судот на правдата на ЕУ ја одби жалбата на забраната за давање адвокатски услуги на руски субјекти
-
Пандов: Еден осуденик државата ја чини над 10 илјади евра годишно
-
ЦУК: 11 пожари на отворено, девет пожарникари дежураат кај зградата во Чаир
-
Во Визбегово се убиваат улични животни и миленици со огнено оружје, предупредува Анима Мунди