Во Велес и велешко за една година евидентирани 73 жртви на семејно насилство
Во општините Велес, Чашка, Градско и Лозово во изминатата 2023 година се евидентирани 73 жртви на семејно насилство. Од нив 52 се жени и 21 се мажи, а има и 11 деца. Најголем број од жртвите 61 се Македонци, а по нив според националноста следат Роми и Бошњаци, како и еден Албанец. Сите насилници во овие евидентирани случаи завршиле пред лицето на правдата и на 68 од нив им биле изречени мерки. Овие податоци се дел од истражувањата на Организацијата на жени на Општина Велес, добиени во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Велес и СВР Велес. Во соработка со нив, Организацијата на жени на Општина Велес веќе трета година има и свое Советувалиште за психолошка и правна помош на жртвите на семејно насилство, а кое работи во просторија во Месната заедница „Трајко Капчев“ во Велес.
Ангелина Димовска Стојанова психолог која работи во Советувалштето во изјава за МИА оценува дека состојбата со семејното насилство во земјава е многу голем социо - економски проблем на кој треба континуирано да работат сите недлежни, бидејќи статистиката на Сектор за внатрешни работи Велес, покажува дека дури 36 од жртвите при семејно насилство освен со психолошки се здобиле и со телесни повредии, а им бил загрозен животот.
- Освен што го истрпеле ќотекот, на 24 од нив, им била загрозена сигурноста додека во четири случаи и со опасно орудие во тепачката или караницата кога се случило семејното насилство. Но само седум од жртвите побарале медицинска помош во ЈЗУ Здравствен дом Велес. Скоро сите насилства од овој вид се во Општина Велес. Семејното и родово - бизарното насилство мора да се свати како социо-економски проблем, потенцира Димовска Стојанова.
Таа истакна дека во работата на Советувалиштето охрабриле неколку жени да не го трпат семејното насилство и да се тргнат од насилникот.
Како што информира за МИА, Мирјана Трајкова претседател на Организацијата на жени на Општина Велес, тие од локалните власти на четирите општини Велес, Градско, Чашка и Лозово побарале финансиска поддршка преку нивните годишни програми да им помогнат за понатамошно функција на оваа Советувалиште.
-Потребна е финансиска помош којашто освен од донатори преку проекти мора да се обезбеди преку поддршки како од општините така и од државата, потенцира Трајкова.
Таа информира дека преку проект работата на оваа Советувалиште за жртви на семејно насилство во Велес е обезбедена само до 30 септември годинава.
Инаку Организацијата на жени на Општина Велес е вклучена во Програмата за финансиска поддршка на организаци во рамките на проектот На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија“ финансиран од Фондацијата „Kvinna till Kvinna“(The Kvinna till Kvina Fondation), а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.
Во врска со работата на Советувалиштето за жртви на семејно насилство, Организација на жени направила и едно истражување со 200 испитаници на возраст од 18 до 85 години.
Од Организација на жени информираат дека испитаниците побарале од надлежните органи да се превземат сите неопходни мерки, а со цел да се изврши превенција од семејното насилство, а посебно врз жртвите - жени и деца.
Ново на Сител
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе
-
Едно лице загина, 13 се повредени во напад на руски дрон врз Одеса
-
„Ел Гол Дигитал“: Голем број ѕвезди на Реал се изјаснија за оставка на Анчелоти