Во украинската армија служат околу 40.000 жени
Околу 40.000 жени во моментов служат во украинските вооружени сили, во време кога Украина се обидува да ги одврати континуираните руски напади, јави ДПА, цитирајќи висок воен претставник.
Украина има 8.000 жени-офицери, а над 5.000 жени се на линијата на фронтот, изјави вчера генерал-полковник Серхиј Наев од Врховната команда на вооружените сили за украинската телевизија. На располагање им се сите позиции и функции, така што во редовите на вооружените сили има жени снајперисти и командири на транспортни, артилериски единици и единици кои користат беспилотни летала.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред извесно време изјави дека 22 отсто од војниците во украинските вооружени сили се жени.
На почетокот на руската инвазија во февруари, украинската армија броеше околу 200.000 луѓе, потсетува ДПА.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
СДСМ: Власта да ги прифати нашите предлози
-
Граѓаните да не наседнуваат на измамите по телефон
-
Инвестиција од 300 милиони евра за изградба на соларен парк „Стипион“
-
Се зголемува бројот на пациентки со рак на дојка
-
Преглед на вестите од светот
-
Намален бројот на сообраќајки, прекршоците не стивнуваат
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор