-->
-->
Во училиште во Германија уапсен тинејџер со неколку ножеви
-->
Полицијата во северниот дел на Германија објави дека уапсила 17-годишен тинејџер со неколку ножеви откако примиле дојава за онлајн чет каде што некој се заканил дека ќе убие неколку луѓе во училиште.
Полицајците утринава ги прегледувале учениците кои влегувале во училиштето во Фленсбург, јужно од границата со Данска, и привеле тинејџер, објави АП.
Полицијата соопшти дека првичната истрага ги потврди сомневањата против него не објаснувајќи ги деталите.
Четот се појави во вторникот вечерта, а заканата се однесуваше на денешниот ден.
Часовите се одржани нормално откако беше уапсен тинејџерот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна