Во турски воздушен напад во северен Ирак погинале 23 Курди
– Во турски воздушен напад во северен Ирак, на 140 километри од границата, загинале 23 припадници на Курдската работничка партија (ПКК), која е забранета во Турција, соопшти денеска Министерството за одбрана.
Британските медиуми пренесуваат дека Турција редовно изведува задгранични воздушни напади во соседен Ирак, често пати со вооружени беспилотни летала, како дел од нејзината офанзива против милитантите на ПКК.
Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, пред три дена изјави дека војската изминатата недела во регионот Асос, што се наоѓа длабоко на ирачка територија, во своите воздушни напади погодила 16 цели.
ПКК во 1984 година почна бунт против турската држава, а во судирите што следеа беа убиени повеќе од 40.000 лица. Турција, САД и ЕУ ја сметаат ПКК за терористичка организација.
Ново на Сител
-
Рение: ЕК нема намера да забрани ниту една онлајн платформа
-
Протест и во Нови Сад поради газењето студентка за време на блокада во Белград
-
УНМИК загрижен поради затворањето на српските институции во Косово
-
Што ако најубавите нешта во животот веќе ги имате, но не ги гледате?
-
На големот христијански празник Богојавление, Светиот крст ќе биде положен во водите на Радика, досега пријавени над 100 верници
-
Исчезната 71 годишна велешанка
-
Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија, одбиена жалбата на СДСМ
-
Во Грција едно од двете седишта на европската програма за безбедни сателитска телекомуникации GOVSATCOM